Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0010_resize

Генерацијата матуранти 2018/2019  од делчевската гимназија СОУ„М.М.Брицо“вечерва ја прославуваат својата матура. Традиционално, прославата на матурата започна со дефилето на матураните низ центарот на Делчево што го проследија голем број граѓани кои заедно со нив се радуваа на генерацијата која чекори во иднината исполнета со многу соништа и амбиции.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во своето обраќање пред матураните испрати порака со која ги повика матурантите да ја градат иднината во родното Делчево.

DSC 0013_resize

DSC 0035_resize

-Сакам да ви испратам една порака дека овој наш град ги остава отворени вратите за вас, по вашето студирање, патување или прошетките низ европските држави, запаметете дека ние сакаме да ве гледам дома, овде да ја градите вашата иднина, овде да формирате семејства.  Ова го зборувам и како родител и како градоначалник, бидејќи цврсто верувам во реформите кои се актуелни во државава, во проектите кои носат привилегии за младите и поддршката која ја дава државата, порача Трајковски.

Трајковски на најдобрите 10 матуранти од СОУ „М.М.Брицо“ им  додели награди во вид на наградно патување низ Европа, а доделувањето на оваа награда е со цел да се поттикнат учениците да постигнуваат одлични резултати во текот на нивното школување.

 Комисијата од СОУ „М.М.Брицо“ за најдобри матуранти ги прогласи:

  1. 1.Мелани Марковска, која е и првенец на генерацијата;
  2. 2.Александра Петровска;
  3. 3.Ана Ташевска;
  4. 4.Ана Иванова;
  5. 5.Тамара Николовска;
  6. 6.Тамара Спасевска;
  7. 7.Иван Стоиловски;
  8. 8.Марија Постоловска;
  9. 9.Кристина Поповска;
  10. 10.Ана Ѓеоргиевска;

Годинава средното образование во СОУ „М.М.Брицо“ го завршија 94 матуранти .

DSC 0037_resize

DSC 0066_resize

DSC 0068_resize

Share/Save/Bookmark