Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Актуелно - Актуелности

DSC 0014_resize

Донаторот на изградбата на фасадата на црквата „Св.Кирил и Методиј“, д-р Милен Врабевски е задоволен од текот и од квалитетот на работите на изградба на фасадата која го добива и својот конечен лик.

Д-р Врабевски и градоначалникот на Делчево, Трајковски направија увид во работите и ги договараа деталите и потребните материјали за доизградба на фасадата и на кровната конструкција. Донаторот, д-р Врабевски, го потенцираше значењето на соработката меѓу него и градоначалникот Трајковски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ со Општина Делчево.

DSC 0017_resize

-Исклучително сум задоволен, бидејќи изградивме пријателство и доверба  со една идеја и заедничка цел како Христијани да направиме сѐ што е возможно и вашиот град да го има најубавиот и најголемиот храм. Не сме случајно во оваа иницијатива, ние направивме доста нешта заедно, сакавме на граѓаните на Делчево да им ги покажеме вредностите на евроинтеграциите. Соработуваме на полето на образованието, инвестираме во иднината, во младите, имаме награден фонд, организираме посети на Европскиот парламент и имаме многу други проекти со цел да се види европското ниво кое треба да се достигне. Сето тоа се финансира од мене, но многу е битна заложбата на градоначалникот Трајковски, рече Врабевски.

Тој даде гаранција дека изградбата на фасадата на црквата ќе биде успешно завршена и ги повика и локалните фирми и поединци да се вклучат во иницијативата на градоначалникот и да помогнат во комплетната реализација на изградбата на црквата.

Градоначалникот Трајковски потестти дека црквата е во фаза на карабина веќе две децении.

- Очекувам за кратко време овој грандиозен верски објект да го добие својот конечен лик. Целиот процес ќе го заокружиме со г-от Врабевски и овој проект да го заокружиме во целина. Станува збор за еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, ќе добие и атрактивен простор кој ќе го облагородиме со парк.  Несебичната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата и неговата донаторска мисија и поддршка на Делчево, но и на транграничниот регион, воопшто, уште еднаш докажува дека пријателството и искрената соработка и почитување, ги надминуваат сите физички граници, истакна Трајковски.

Градежните работи околу изградбата на фасадата ги извршува делчевската фирма „Оникс-вал“. По завршување на фасадата ќе започне изградбата и на кровот на црквата.

DSC 0005_resize

Share/Save/Bookmark