Четврток, 03 Септември 2015 10:56
Во склоп на триесет и деветиот Меѓународен музички и фолклорен фестивал – Делчево 2015 во полн тек се и активностите за одржување на деветата Пијанечко – малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот.Оваа година по претходно објавениот конкурс за младоженци се изберени
Делче Маринков од с.Град, Делчево, Р.Македонија и
Вјолца Лека од Тирана, Р.Албанија.
Организатор е КУД „Гоце Делчев“ од Делчево, покровител на настанот е Општина Делчево и градоначалникот Дарко Шехтански, а партнери се општините Пехчево и Берово, подржувач на настанот е Министерството за култура на Р.Македонија.
Главниот настан е во Сабота, 05.09.2015 година со почеток во 11.00 часот на летната сцена пред Спомен домот АСНОМ во Делчево
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.