Одржан информативен семинар под наслов "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија"



Четврток, 26 Февруари 2015 12:29
Со цел успешно отпочнување на новата програма за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија за периодот 2014-2020 година, Министерството за регионален развој и урбанизам на Р.Бугарија организираше информативен семинар за потенцијалните корисници на Програмата.
Инфо семинарот под наслов "Нов период - нови можности за развој на прекуграничната соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија" се одржа во град Сандански (Интерхотел "Сандански") на 25 февруари 2015 година со почеток од 10 часот.
На информативниот семинар се одзваа поканетите претставници на потенцијалните корисници од целиот прекуграничен регион - регионални администрации, регионални структури на централните власти, општинските администрации, културни и образовни институции, невладини организации, стопански комори, здруженија и др.
Семинарот го отвори г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи. Потенциалните корисници и засегнатите страни од прекуграничниот регион беа запознаени со целите, приоритетите, мерките, буџетот и механизмот за оценка на проектни предлози од Програмата за периодот 2014 - 2020. Исто така беа објаснети условите за аплицирање поврзани со прифатливоста на кандидатите, нивниот правен статус и регистрација, потребата од партнерство помеѓу организации од двете страни на границата и прекуграничниот ефект на проектите.Истотака како дел од Програмата на семинарот беа претставени и примери за успешни проекти, добра соработка и постигнати резултати во периодот 2007-2013.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.