Петок, 26 Декември 2014 14:26
По одржаната прва и официјална пресконференција на која беше претставен проектот од прекуграничната соработка финансиран од Европската унија преку ИПА фондовите во рамки на програмата за прекугранична соработка во кој партнери се СОУ „М.М Брицо“ од Делчево и Седмо СОУ „Кузман Шапкарев“ од Благоевград, Р. Бугарија. На која како крајна цел од овој проект беше најавено дека СОУ „М.М Брицо“ ќе добие изградени и целосно опремени 6 нови училници, деновиве навремено и според план започнаа градежните активности.
Главната цел на проектот е да се обезбедат услови за одржливо и долгорочно прекугранично партнерство преку дополнителна настава и воннаставните активности за социјална кохезија на учениците и сите со нив поврзани општествени групи од Благоевград и Делчево.
Со прекуграничното партнерство преку дополнителни часови и воннаставните активности во нашиот регион ќе се придонесе за заедничка интеграција во европските норми и вредности во образованието и социјалната кохезија.
Специфичните цели се создавање на долготрајна прекугранична соработка помеѓу социјалните групи партнерските училишта, подобрување на формите и методите за интерактивност и личен развој на учениците и наставниците. Постигнување на социјална кохезија преку тимска работа и комуникација преку заеднички веб портал.
Како резултат од проектот се очекува создавање на долгорочна прекугранична врска за понатамошна соработка во областа на образованието и создавање на капацитети помеѓу директните учеснициво проектот. Развој на материјали за едукативни иницијативи во облата на политиката на ЕУ за одржлив развој. Создадени и ефективни 5 клубови за воннаставни активности во секое училиште од партнерите во проектот.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.