Петок, 28 Ноември 2014 14:18
Петок, 28.11.2014 во работниот клуб на Центарот за вработување Делчево се одржа инфо ден на АВРМ на кој свое учество зедоа претставници од Министерството за труд и социјална политика, Општина Делчево, Националниот совет за претприемништво и конкурентност, вработени во Центарот за вработување во Делчево и работодавачи.
За почеток свое обраќање пред присутните имаа претставниците од Министерството за труд и социјална политика образлагајќи ги причините за организирање на вакви инфо денови на АВРМ, како и темите за кои ќе се продискутира на истиот. Во продолжение следуваше кратка презентација за Делчево, во која беа претставени целите и залагањата на Општина Делчево во насока за обезбедување на оптимални услови за развивање на бизнис климата во нашата општина, во која особен акцент се става на развојот на четирите индустриски зони и најавената ТИРЗ од страна на Владата на Р. Македонија. Презентацијата пред присутните беше презентирана од страна на г-дин Тони Стоименовски советник за ЛЕР во Општина Делчево.
Раководителката на Цирото за вработување во Делчево, г-ѓа Христина Смилевска ги презентираше активните мерки за работодавачите во кои спаѓаат:
- Проектот кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст
- Проект Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места
- Обука кај познат работодавач
- Субвенционирање на вработување - 2014 година
- Субвенционирање на вработување на деца без родители - 2014 година
- Обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување
- Субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години - Прва шанса
- Финансиска поддршка на правни субјекти (микро и мали претпријатија и занаетчии) за отворање на нови работни места
- Практична работа (практиканство)
Како и активните мерки за вработување на барателите на работа:
- Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за млади лица до 29 годишна возраст
- Проект Самовработување со кредитирање
- Проект Самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години
- Проект Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места
- Обука за задоволување на побаруваните занимања на пазарот на трудот
- Обука за напредни ИТ вештини
- Програма за Самовработување 2014
- Обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување
- Субвенционирање на вработување на млади лица до 29 години - Прва шанса
- Обука кај познат работодавач
- Субвенционирање на вработување на деца без родители - 2014
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.