Среда, 13 Јануари 2010 08:11
Парична помош од 3000 мкд за секое новородено бебе во Делчево
Почитувани,
Општина Делчево со години наназад е соочена со намалување на природниот прираст. Континуираното намалување на наталитетот претставува сериозна закана за демографскиот развој во општината и републиката. Општина Делчево е во редот на општини каде што природниот прираст е помал од 2,1 промили.
Врз основа на овие статистички податоци а водејки грижа за иднината и напредокот на Општина Делчево по иницијатива на Градоначалникот на општина Делчево, Советот на општината донесе одлука започнувајки од 01.01.2010 да се доделува еднократна парична помош во износ од 3.000,00 денари. Одлуката важи за секое ново родено дете чија мајка е жител на општина Делчево.
(Барањето за парична помош за новороденче и изјавата во електронска форма можете да го превземете тука)
Градоначалник,
Горан Трајковски
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.