Честитка за Св.Климент Охридски

Печати

Категорија-Минати честитки

Thumbnail image

Честит и вековит празникот на големиот просветител Св.Климент Охридски

Thumbnail imageГрадоначалникот г-дин Горан Малешевски,  на сите граѓани на општина Делчево, и Република Македонија им го честита празникот на еден од најважните личности од Македонската историја Денот на Св.Климент Охридски.

Значењето на овој просветител, учител и духовен водач во Македонската историја е огромно, и неговиот живот и дело претставува еден од камените темелници на македонскиот идентитет и постоење. Св. Климент заедно со Св. Наум претставуваат двајца од најистакнатите ученици на Светите Кирил и Методи и основоположници на охридската духовна и книжевна школа во лицето на првиот балкански универзитет (втор во Европа). Преку писменоста која произлегла како резултат на оваа школа, се манифестираат придобивките на современата македонска писменост, чиј корен и почетоци наоѓаме токму во Св.Климентовиот универзитет во Охрид. Светителот Климент е роден околу 840-тата година, не е познато каде во Македонија но најверојатно (според претпоставките на научниците) во близината на Солун. Уште од раните почетоци на работата на неговите учители светите браќа Кирил и Методиј, тој се покажал како еден од најумешните и најдаровитите ученици. Со своите учители учествувал на многу мисии за ширење на писменоста и учењето на светото писмо.

Се упокоил во духот на својот создател на 9-ти август 916 година во Охрид каде сега во црквата Свети Климент-Света Богородица Перивлептос, почиваат неговите чудотворни мошти.

Република Македонија по петти пат го празнува Денот на Свети Климент Охридски со највисоки државни почести , откако со одлука на Владата на Република Македонија, 8-ми декември беше прогласен за државен празник.

Share/Save/Bookmark