Категорија-Тековни соопштенија
Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното:
СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Делчево, дека се распишува:
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови
Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), во третиот квартал од 2015год.
- Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање.
- Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
- Јавниот повик ќе трае 31 ден, сметано од објавата во дневното гласило “Нова Македонија”.
- Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Делчево, www. delcevo.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
- Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Делчево или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
- За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
- Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Делчево за 2015год.
- Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.