Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Категорија-Тековни соопштенија

ОГЛАС ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗНИ РЕДОВИ ЗА НОВИ ЛИНИИ И ЗА ПРОМЕНА НА ОДОБРЕНИ ЛИНИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на членовите 18,19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на Република Македонија број 68/2004, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 06/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15 и 37/2016) и член 3, 4, 5, 6 и 7 од Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-296/1 од 02.02.2012 година и член 1 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево број 07-2328/1 од 27.09.2012 година, Општина Делчево распишува оглас за доделување линии за вршење на линиски општински превоз на патници на подрачјето на општина Делчево на следните релации:

 

  • ЛИНИЈА БР.1: ДЕЛЧЕВО-с.ГАБРОВО
  • ЛИНИЈА БР.2: ДЕЛЧЕВО-с.ЗВЕГОР
  • ЛИНИЈА БР.3: ДЕЛЧЕВО-с.СТАМЕР
  • ЛИНИЈА БР.4: ДЕЛЧЕВО-с.ГРАД
  • ЛИНИЈА БР.5: ДЕЛЧЕВО-с.ВИРЧЕ
  • ЛИНИЈА БР.6: ДЕЛЧЕВО-с.ТРАБОТИВИШТЕ
  • ЛИНИЈА БР.7: ДЕЛЧЕВО-с.СТАР ИСТЕВНИК-с.НОВ ИСТЕВНИК
  • ЛИНИЈА БР.8: ДЕЛЧЕВО-с.РАЗЛОВЦИ
  • ЛИНИЈА БР.9: ДЕЛЧЕВО-ГОЛАК (сабота и недела)
  • ЛИНИЈА БР.10: ДЕЛЧЕВО-с.БИГЛА-с.ИЛИОВО-с.ТУРИЈА
  • ЛИНИЈА БР.11: ДЕЛЧЕВО-с.ОЧИПАЛА-с.ДРАМЧЕ
  • ЛИНИЈА БР.12: ДЕЛЧЕВО-с.ВЕТРЕН-с.КИСЕЛИЦА
  • ЛИНИЈА БР.13: ДЕЛЧЕВО-ГРАНИЧЕН ПРЕМИН „ДЕЛЧЕВО“


Целиот оглас можете да го прегледате на следната интернет врска тука

Покана за учество во проектот „Соседска патрола“

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

На 17.10.2015 година (сабота), Полициската станица од општа надлежност Делчево ќе го реализира проектот „Соседска патрола“. Во рамки на проектот ќе бидат вклучени заинтересирани граѓани кои заедно со полицијата ќе патролираат во урбана заедница „Втори реон“, со цел поголема сигурност и безбедност на граѓаните на населеното место и безбедносниот реон.

Сите граѓани кои се заинтересирани да земат учество во реализацијата на проектот, да дојдат во салата за состаноци во ПС од Он Делчево на ден 17.10.2015 година (сабота) каде што подетално ќе бидат информирани околу активностите кои ќе се превземат за отпочнуање и реализација на проектот.

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното:

 СООПШТЕНИЕ
Се известуваат граѓаните и правните лица на територијата на Општина Делчево, дека се распишува:
Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014, 42/2015, 44/2015), во третиот квартал од 2015год.

  • Во период од 31 ден, сите заинтересирани физички и правни лица треба да достават иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање.
  • Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов Урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки Урбанистички план или Урбанистичко-планска документација со конкретен предлог од подносителот на иницијативата.
  • Јавниот повик ќе трае 31 ден, сметано од објавата во дневното гласило “Нова Македонија”.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страната на Општина Делчево, www. delcevo.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и преку објава во службеното гласило на општината.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при Општина Делчево или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок
  • За сите прифатени иницијативи подносителите ќе бидат информирани во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи од Јавниот повик ќе бидат вградени во Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Делчево за 2015год.
  • Средствата за прифатените иницијативи за изготвување на потребната документација треба да ги обезбедат подносителите на иницијативите – правни или физички лица.

006 resize

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА - Презакажана театарската претстава „Парче Душа“

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Почитувани,

Театарската претстава Парче Душа која беше планирана да се реализира денеска 24.07.2015 година (ПЕТОК) се презакажува за ден 29.07.2015 година среда во 20.00 часот во спомен домот на АСНОМ во Делчево.

Театарската претстава е дел од „ ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН“ 2015 година  и истата се реализира во соработка и со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија.

С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 2 измена и дополна -период 2013-2018 Општина Делчево

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

 

Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07;24/08. 91/09; 124/10; 18/11, 53/11,60/11,144/12,55/13 ,163/13 и 42/14)  Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавна презентација и јавна анкета
по Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 7
 измена и дополна -период    2015-2020  Општина Делчево

 

            Се спроведува јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт - Детален урбанистички план за   централно градско подрачје УЕ 2 дел од блок 2,7 измена и дополна 2015-2020 на град Делчево со вкупен урбан опфат од 2.16 ха

Овој локалитет е дефиниран со следните граници:

  • Од североисточна страна граничи со осовината на регулиран водотек на река„Брегалница“ - на југоисточна страна оди по осовината новопланираниот водотек на канал „2“       
  • на југозападната страна оди пооските на собирната улуца „Маршал Тито“ и сервисна улица „Солунска“
  • На северозападна страна оди по надворешната северозападна страна на К.П.бр.7561/1,па се спушта по оската на собирната улица„Методи Митевски Брицо“,се до појдовната точка на опфатот  

            Јавната презентација ке се одржи на ден 18.06.2015 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот и почетокот на јавната презентација вооедно ке претставува и почеток на јавна анкета.
Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација

            Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 7  измена и дополна -период    2015-2020  Општина Делчево ке биде изложен во просториите на Општина Делчево  и  аптека ,, Твоја аптека,,  во Делчево и на Интернет страната на Општина Делчево.

            Заинтерисираните граѓани и  правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево

Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила  и на Интернет страната на Општина Делчево .

NACRT SINTEZEN_resize

Soopshtenie resize

Последни актуелни информации

Објавено на 04 Март 2020, 15.15 од Д.Чапевски
-36------ Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од...
Објавено на 04 Март 2020, 09.45 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-47-01 Девет нови контејнери, денеска се поставија во најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, со што за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Локациите каде се поставени...
Објавено на 04 Март 2020, 09.15 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-42-29 Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за...
Објавено на 02 Март 2020, 11.50 од Д.Чапевски
2020-03-02-10-54-56  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, го потпиша Меморандумот за разбирање со општините за...
Објавено на 27 Февруари 2020, 14.02 од Д.Чапевски
2020-02-27-13-04-45 Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија,...
Објавено на 27 Февруари 2020, 12.24 од Д.Чапевски
2020-02-27-11-39-38 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува...
Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес238
mod_vvisit_counterВчера945
mod_vvisit_counterОваа недела238
mod_vvisit_counterПретходна недела8221
mod_vvisit_counterОвој месец10347
mod_vvisit_counterПретходен месец27076
mod_vvisit_counterВкупно3413462

Присутни online: 16
Ваша IP: 3.228.11.9
,
Денес: Авг 09, 2020