С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара



Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07; 91/09; 124/10; 18/11,53/11 и 144/12 ) Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавна презентација и јавна анкета
по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара
Се спроведува јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара за минимално потребен опфат од 3,0358 ха
Овој локалитет е дефиниран со следните граници:
- Југозападно граничи со осовина на река Брегалница
- Северозапад со улица Собирна Новопланирана – 1
- Североисток граничи со Сервисна улица
- Југоисточно со КП.бр.6018; КП.бр.6022; КП.бр.6023; КП.бр.6042; КП.бр.6042/1
Јавната презентација ке се одржи на ден 25.05.2016г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот и почетокот на јавната презентација воедно ке претставува и почеток на јавна анкета. Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација. Нацрт - Детален урбанистички план (ДУП) за Урбана единица 1, дел од урбан блок 2.1 – Кожара ке биде изложен во просториите на Општина Делчево и аптека ,, Твоја аптека,, во Делчево и на Интернет страната на Општина Делчево.
Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила и на Интернет страната на Општина Делчево .
,
ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник,
Дарко Шехтански
Коментари кои содржат навредлива содржина по било која основа нема да се објавуваат.
Коментари кои содржат несоодветни зборови нема да се објавуваат.
Коментари кои се упатени на други коментари а се со содржина која не е поврзана со содржината на текстот на статијата нема да се објавуваат.