Одлука за избор за унапредување по Интерен оглас бр.03/2016 од 27.09.2016 година

Печати

Категорија-Тековни соопштенија

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа(Службен Весник на Република Македонија бр.5/2002),член 52 став 1 од Законот за административните службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/2014,199/2014,48/15,154/15,5/16 и 142/16), Градоначалникот на Општина Делчево донесе 

Одлука за избор за унапредување

по Интерен оглас бр.03/2016 од 27.09.2016 година

 

1.За извршител на работите на работното место Помлад соработник-Внатрешен ревизор на обука,во Одделението за внатрешна ревизија при Општина Делчево се избира:

1. Катерија Трајановска.

2.Именуваната ќе биде унапредена на работно место по претходниот став,по завршување на постапката за избор и конечноста на оваа одлука,врз основа на Решение за унапредување донесено од Градоначалникот.

3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

 

Образложение

Комисијата за селекција и унапредување на административен службеник за пополнување на работното место Помлад соработник-Внатрешен ревизор на обука,формирана со Решение од Градоначалникот на Општина Делчево бр.08-2232/6 од 04.10.2016 година,одржа состанок заради спроведување на интервју.

Во функција на спроведување на постапката за селекција за унапредување на административен службеник за извршување на работните задачи од став 1 на ова Одлука,а по објавениот Интерен оглас за унапредување на административен службеник бр.03/2016 од 27.09.2016 година,Комисијата за унапредување и селекција изготви Записник од административна селекција за интерен оглас со број 08-2232/9 од 06.10.2016 година,Записник од работа на Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник заради спроведување на интервју со број 08-2232/10 од 06.10.2016 година и финална ранг листа на интервјуираните кандидати и предлог одлука за избор на прво рангираниот кандидат со број 08-2232/11 од 06.10.2016 година ги достави до Градоначалникот на општината.

Врз основа на изнесеното, Градоначалникот на општина делчево одлучи како во дизспозитивот на ова Одлука.

По завршување на постапката за избор односно конечноста на Одлуката, Градоначалникот ќе донесе Решение за унапредување на именуваната.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Одлука незадоволниот кандидат има право да поднесе жалба до Агенцијата за администрација на РМ во рок од осум(8) дена од денот на објавувањето на Одлуката на интернет страницата на општината.

 

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко Шехтански

Доставено до:
-Архива;
-Одделение за управување со човечки ресурси;
-Агенција за администрација ;
-Именуваната; 

Share/Save/Bookmark