Соопштение

Печати

Категорија-Тековни соопштенија

alt

Општина Делчево им соопштува на граѓаните на општина Делчево дека на ден 19.09.2016 година (понеделник) со почеток во 13,00 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА за неопходноста за довршување на проектите:

a) Основен проект за реконструкција на дел од улица “Маршал Тито” во Делчево;
b) Основен проект за реконструкција на улица “Орце Николов” и улица “Скопска” во Делчево;
c) Основен проект за реконструкција на ул. “Кеј на Брегалница” во Делчево;
d) Основен проект за реконструкција на улица “Вера Јоциќ” во Делчево;
e) Основен проект, СРЦ-Делчево Улици, Дел за “Улица бр. 7” во Делчево.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
ГРАДОНАЧАЛНИК
Дарко Шехтански

Share/Save/Bookmark