Категорија-Тековни соопштенија
Врз основа на член 24 точка 2 од Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 51/05 ) и Законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистчко планирање ( Сл. Весник бр. 137/07;24/08. 91/09; 124/10; 18/11, 53/11,60/11,144/12,55/13 ,163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Делчево го донесува следното
Се спроведува јавна презентација и јавна анкета по Нацрт - Детален урбанистички план за централно градско подрачје УЕ 2 дел од блок 2,7 измена и дополна 2015-2020 на град Делчево со вкупен урбан опфат од 2.16 ха
Овој локалитет е дефиниран со следните граници:
Јавната презентација ке се одржи на ден 18.06.2015 г во просториите на Спомен дом ,АСНОМ,, ( сала на совет) со почеток во 12 часот и почетокот на јавната презентација вооедно ке претставува и почеток на јавна анкета.
Јавната анкета ке трае 10 работни дена , сметано од денот на одржување на јавната презентација
Нацрт - Детален урбанистички план за урбана единица 2, дел од блок 2, 7 измена и дополна -период 2015-2020 Општина Делчево ке биде изложен во просториите на Општина Делчево и аптека ,, Твоја аптека,, во Делчево и на Интернет страната на Општина Делчево.
Заинтерисираните граѓани и правни лица можат да учествуваат на јавната презентација а во времетраење на анкетата на анкетни листови ке можат да ги дадат своите забелешки и предлози на анкетните листови до Одделението за урбанизам, уредување на и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина при општина Делчево
Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета ке бидат објавени во две јавни гласила и на Интернет страната на Општина Делчево .