Проект за отворени денови за социјална заштита во руралните средини- 2015 година

Печати

Категорија-Тековни соопштенија

Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Делчево во соработка со Општина Делчево започна активности за спроведување на Проект за отворени денови за социјална заштита во руралните средини.

Успешната реализација на проектот е резултат на координираната соработка помеѓу носителите на проектот и обезбедениот директен контакт со жителите заради ефикасен начин на информирање на граѓаните за решавање на нивните социјални проблеми. 

По тој повод Ве информираме дека во СРЕДА (05.05.2015) со цел да се обезбеди информирање за правата и услугите од социјална заштита ќе се реализираат средби со мештаните од селата Разловци и Тработивиште во следниот редослед:

с.Разловци - 10 часот, Спомен дом на Разловечкото востание;
с.Тработивиште - 11 часот, во подрачното општинско училиште „Св. Климент Охридски“.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да бидат дел од овој проект преку кој директно ќе се овозможи рано откривање и ран третман на граѓаните изложени на социјален ризик, како и поголема достапност на социјалната работа и социјалните услуги во локалната заедница.

Share/Save/Bookmark