Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштенија

ИНФОРМАЦИЈА За кандидатите кои конкурирале на јавниот конкурс за членови на комисии за пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани,

Државната пописна комисија Ве известува дека е утврден терминот за тестирање на лицата

кои аплицирале на јавниот оглас за ангажирање на членови на комисии на пописен реон,

реонски инструктори и реонски попишувачи.

Тестирањето ќе се одржи на 5 Март (сабота) 2011 година. Почетокот на тестирањето ќе биде во 12.00 часот.

Ве известуваме дека тестирањето на лицата кои аплицирале на јавниот оглас за  ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи за општина Делчево ќе се одржи во просториите на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево.

Со оглед на големиот интерес на лица кои аплицирале на Јавниот конкурс за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи, како и определбата на Државната пописна комисија за квалитетен и правичен избор со рамноправен пристап кон сите кандидати, се повикуваат сите кои аплицирале на Јавниот конкурс да дојдат во определените училишта за тестирање најдоцна до 11:20 часот и да се пријават кај лицата кои се определени од Државната пописна комисија.

Ви посакуваме успех на тестирањето и однапред Ви благодариме.

ДРЖАВНА ПОПИСНА КОМИСИЈА

Објавен е повик за доделување на финансиски сретства во рамките на ИПАРД програмата

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

АФПЗРР објави повик за доделување на сретства во рамките на ИПАРД програмата за 2007-2013.

Повикот е објавен на веб страната на агенцијата и истиот е достапен на сл. линк тука. Општина Делчево на сите заинтересирани граѓани кои имаат намера да аплицираат им стои на располагање за конкретни прашања во врска со апликациите.

Соопштение за попис 2011 год.

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Известување за јавен конкурс за избор и именување на членови на комисиите за пописните реони, реонските инструктори и реонските попишувачи во општина Делчево

Во врска со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој ќе се одржи во периодот од 1 до 15 април 2011 година, а согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, Државната пописна комисија објавува јавен конкурс за избор и именување на членови на комисиите за пописните реони, реонските инструктори и реонските попишувачи.

На Конкурсот можат да се пријавуваат  лица кои ги исполнуваат следнве услови:

-      Да е државјанин на РМ;

-      Да е полнолетен;

-      Да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;

-      И да нема засновано работен однос.

Образецот за пријавата ќе биде објавен во дневниот печат, а може да преземе и од интернет страницата на Државниот завод за статистика (www.stat.gov.mk/popis2011/DPK.aspx), како и во Општина Делчево, канцеларија број 30.

Пополнетите  пријави се поднесуваат по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4, поштенски фах 506, во рок од 8 дена од денот на објавувањето (од 17 до 2402.2011).

Јавниот конкурс е објавен на Огласната табла во Општина Делчево, а поблиски информации можете да добиете во Општина Делчево, канцеларија бр.30, лице за контакт Снежана Трајкова.

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

 

Градоначалник,

Горан Малешевски

Покана за трибина Партнер

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Општина Делчево во соработка со Агенцијата за привремени вработувања Партнер од Скопје организираат трибина на тема "Привремените вработувања нов флексибилен начин на ангажирање на работници".

Трибината ке се одржи во салата на Спомен домот АСНОМ на ден 24.02.2011 година (четврток) со почеток во 11 часот. На трибината се покануваат да присуствуваат сите заинтересирани, стопанственици, претставници на правни субјекти и  физички лица  

Пред почетокот на трибината пожелно е присуството на заинтересираните лица да биде пријавено во:

-Општина Делчево, одговорно лице Сузана Петровска  тел.078/411-550, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

-Агенција за привремени вработувања Партнер, одговорно лице Вера Василевска, тел. 070/206-527, e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Известување за локалните стопанственици

Печати PDF

Категорија-Тековни соопштенија

Почитувани,

Ве известуваме дека Непрофитното партнерство „Руско-Балканска економска информациона агенција“ (РусБалканИнформ) го основа меѓународниот трговски и информативен портал за претпријатија од Македонија, Русија и земјите од Балканскиот регион(Албанија, Бугарија, Србија, Романија, Словенија, Хрватска) и Турција. Истиот е достапен на интернет адресата www.tradeportal.mk.

На овој портал се наоѓа база на податоци за повеќе од 2 милиони бизниси кои работат во секторот на реалната економија. Главната цел на оваа трговска платформа е создавање на директни деловни контакти меѓу македонските претпријатија, на меѓурегионално и меѓународно ниво и преку него се планира организирање на деловни состаноци и бизнис форуми.

Овој проект и платформа е поддржан од Меѓувладината комисија за трговско-економско и научно-техничка соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија, што се одржа на 20-21 декември 2010 година во Москва.

Ве охрабруваме да се регистрирате на оваа платформа, со што преку објавување на видови на производи и услуги ќе се олесни спроведување на заеднички економски и социјални проекти и соработки.

Стартува Кошаркарскиот куп за жени во Делчево

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Стартува Кошаркарскиот куп за жени во Делчево од Недела 06.02.2011 год со почеток во 17.00 часот. Екипата на КК Клубски на домашен терен ги стартува натпреварите од четврт финалето од ова престижно натпреварување во Македонија со натпревар против екипата на КК Трокал од Кавадарци. Салата при СОУ ММ Брицо ке биде претесна да ги собере сите љубители на добрата кошарка, на своите трибини. Влезот за ова натпреварување е бесплатен за сите граѓани.

Соопштение и покана за одбележување на 4-ти Мај-108 години од смртта на Гоце Делчев

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Покана

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Малешевски и Претседателот на Советот Тони Трајановски   Ве покануваат да присуствувате на полагање свежо цвеќе по повод 4 Мај – датум на кој се навршуваат 108 години од смртта на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. За таа цел се покануваат сите граѓани (физички и правни лица ) да присуствуваат на свечената програма што ке се одржи пред споменикот на патронот на нашиот град во центарот на Делчево и во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 11.00 часот -среда 04.05.2011 год. со што би ја оддале својата почит кон делото на овој наш великан.

ПРОГРАМА

04.05.2011 година

(Среда)

11.00 часот - Полагање свежо цвеќе

пред Споменикот на на Гоце Делчев

- Пригоден реферат посветен

на  Гоце Делчев

20.00 часот-Свечена академија

во организација на НУЦК Никола Јонков Вапцаров од Делчево

во фоаје на Спомен дом АСНОМ во Делчево

Градоначалник  на Општина Делчево    

Горан Малешевски          

Претседател

 на Совет на Општина Делчeво

Тони Трајановски 

Соопштение и покана за празнување на 4-ти Февруари-139 години од раѓањето на Гоце Делчев

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Покана

Почитувани граѓани,

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Малешевски и Претседателот на Советот Тони Трајановски   Ве покануваат да присуствувате на полагање свежо цвеќе по повод 4 Февруари – датум на кој се навршуваат 139 години од раѓањето на великанот на македонскот револуционерно движење Гоце Делчев. За таа цел се покануваат сите граѓани (физички и правни лица ) да присуствуваат на свечената програма што ке се одржи пред споменикот на патронот на нашиот град во центарот на Делчево, со почеток во 11.00 часот -петок 04.02.2011 год. со што би ја оддале својата почит кон делото на овој наш великан.

ПРОГРАМА

04.02.2011 година

(Петок)

11.00 часот - Полагање свежо цвеќе

пред Споменикот на на Гоце Делчев

- Пригоден реферат посветен

на  Гоце Делчев

Градоначалник  на Општина Делчево    

Горан Малешевски          

Претседател

 на Совет на Општина Делчeво

Тони Трајановски 

П О К А Н А за свечено пуштање во употреба на улица и патишта

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Покана

Општина Делчево со финансиски средства обезбедени од Владата на Р.Македонија преку различни програми во 2010 година имплементираше четири проекти за асфалтирање на локални патишта и улици.

Преку програмата  за реконструкција и рехабилитација на локална и регионална патна мрежа асфалтирани се локалните патишта Делчево - с.Полето-с.Киселица,  локален пат с. Истевник, локален пат за с. Илиово со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој,  како и улицата  Сервисна 3 во Делчево.

По тој повод Ве покануваме за присуство на свеченоста за пуштање во функција на овие локални патишта.

Свеченоста ке се одржи на 28.01.2011 година(петок) со почеток во 13.30 часот на улицата Сервисна3 во Делчево. (Сточен пазар) Патиштата ке ги пушти во употреба градоначалникот на општина Делчево Г-дин Горан Малешевски во присуство на градоначалниците од 11 општини од источниот плански регион.

Соопштение по повод поставување на камен темелник на нова спортска сала

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

П О К А Н А

Министерството за образование и наука, во сорботка со Владата на Република Македонија ја продолжувa изградба на 145 училишни спортски сали.
Проектот под слоган „Градиме здрава иднина“ е започнат во 2009 година, а во рамките на истиот во Делчево веке е изградена една спортска сала и е ставена во функција.

Во рамките на проектот во сабота 15.01.2011 година во дворот на општинското основно училиште „Климент Охридски“ во Делчево во 12 часот свечено ке биде ставен камен темелник за изградба на уште една спортска сала. На свеченоста ке присуствува министерот за образование и наука Г-дин Никола Тодоров и други високи функционери во врадата на Р.Македонија.

По тој повод Ве покануваме да земете учество во оваа свеченост.

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Мaлешeвски

 

П О К А Н А

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

П О К А Н А

На иницијатива на Општина Делчево и ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево, Градоначалникот на Општина Делчево, на ден 29.10.2010 г. со почеток во 18 ч., свикува седница на Локалниот Совет за превенција, со следниот

Дневен ред

  1. Информација за постоење на проблемот на семејното насилство на подрачјето на Општина Делчево и потребата за отпочнување на кампања за превенција од семејното насилство.
  2. Донесување на Одлука за отпочнување на кампања за превенција од семејното насилство на подрачјето на Општина Делчево.
  3. Донесување на Одлука за формирање на Локален тим кој ќе раководи со кампањата.
  4. Дискусија

Кратка информација за текот на седницата:

По повод одбележување на месецот на борбата против семејното насилство а поради се поголемата потреба од преземање на мерки за превенција и борба против семејното насилство потребно е Локалниот Совет за превенција да биде запознаен со сегашната состојба во Општина Делчево на полето на семејното насилство, како еден од поалрмантните проблеми во нашата општина. За таа цел потребно е организирање на кампања за алармирање на населението за постоење на проблемот, преземање на мерки за подигање на јавната свест за навремено пријавување на случаите на семејно насилство и нивно понатамошно третирање од страна на стручните служби во општината. Образложение за постоењето на проблемот на семејното насилство и потребата од превенирање на проблемот ќе дадат преставници на Општина Делчево, ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Делчево и Полициската станица во Делчево.

Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на Полициската станица во Делчево.

 

Анкета за усвојување на ДУП во Централно гратско подрачје

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

ЈАВНА АНКЕТА по Нацрт-Детален урбанистички за централно градско подрачје-Урбана единица2.Блок 2.2 к.о. Делчево-Општина Делчево

Анкетен лист за пополнување превземи тука.

Нацрт-Деталниот урбанистички план може да се погледне/превземе тука

Соопштение по повод чествувањето на 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

ПОКАНА

по повод чествувањето на

23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

СВЕЧЕНА ПРОГРАМА
23.10.2010 година (Сабота)
11.00 часот
- Пригоден реферат посветен на празникот
- Полагање свежо цвеќе пред Споменикот на Гоце Делчев
12.00 часот
- Свечено пуштање во употреба на дел од водоводна мрежа на ул. “Маршал Тито“
19.00 часот
- Спомен Дом “АСНОМ“ Културно-уметничка програма
Настап на:
- КУД при НУКЦ “Н.Ј.Вапцаров“
- КУД “Вера Јоциќ“
- КУД “Извор“ Тетово
- Младински културен центар Скопје
- КУД “Гоце Делчев“ – Скопје
- Познати Македонски солисти на народна музика
24.10.2010 година (Недела) 10.00 часот
- Акција за чистење на СРЦ “Голак“

 

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Градоначалник

Горан Малешевски

Соопштение за објавен прашалник

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

НАШ ПРАШАЛНИК

"Прашалник за утврдување на потребите од втора смена во детска градинка "Весели цветови" Делчево

Пополни прашалник  ТУКА

Соопштение за постапката за основање и работа на заедница на сопственици на посебните делови во станбените згради

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Соопштение за постапката за основање и работа на заедница на сопственици на посебните делови во станбените згради
Почитувани граѓани,
согласно Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009 и 57/2010), Министерството за транспорт и врски на својата интернет-страница објави работна верзија на примери како основа по кои треба да бидат изработени соодветните акти. Истите можат да се надополнат или прилагодат на специфичните услови и случаи, кои како варијанти можат да се јават во пракса. Заинтересираните граѓани од интернет-страницата www.mtc.gov.mk и на назначените врски подолу во овој текст можат да ги преземат работните верзии на Одлука за основање на Заедница на сопственици на посебните делови, Статут на заедницата на сопственици, Одлука за донесување на статутот, Соопштение за собир на сопствениците на посебните делови, Покана за собир на сопствениците, Записник од собир на сопствениците, План за одржување и Куќен ред. Сите овие документи и текстови можат да бидат солидна основа за оформување на потребната документација потребна за основање на Заедница на сопственици. Согласно Законот за домување, сопствениците на посебните делови на станбената, деловно-станбена или станбено-деловната зграда се должни најдоцна во рок од една година од влегување во сила на Законот за домување да регистрираат заедница на сопственици или да определат управител согласно со овој закон. Законот е објавен во Службен весник на Република Македонија на ден 5 август 2009 година, а истиот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТИ

1. Соопштение за Собир на сопственици 2. Покана за Собир на сопственици

3. Одлука за основање на Заедница 4. Одлука за донесување на Статут

5. Статут на Заедница на сопственици 6. Записник од Собир на сопственици

7. Договор за взаемни односи 8. План за одржување

9. Кукен ред

Текстот и документите се превземени од официјалниот веб сајт на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија

Соопштение за патување за Крушево за илинден 2010

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани,

По повод големиот македонски празник Илинден и по повод 107 години од Илинденското востание Општина Делчево за граѓаните на општината организира бесплатен автобуски превоз до Крушево на 02.08. 2010 - понеделник. Автобусите за Крушево ке бидат паркирани на паркингот пред спомен домот АСНОМ. Тргнувањето за Крушево е во 05.00 часот.

Предвидено е присуство на централната прослава по повод 107 годишнината од Илинденското востание која ја организира владата на Р.Македонија како и разгледување на градот Крушево.

Трка за светска хармонија

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Во рамките на меѓународната маршута на Трката за светска хармонија која поминува низ Македонија, учесниците на оваа трка во Среда 14.07.2010 год. во 13.30 часот ке пристигнат и во нашата општина Делчево. Во оваа прилика Општина Делчево со млади спортисти, тркачи и рекреативци ке ги пречека учесниците и на делницата на територијата на нашата општина ке им се придружи на маратонците, ке ги пречека на градскиот плоштад со пригодна свечена културно уметничка програма а потоа ке ги отпрати кон граничниот премин спрема соседна Р.Бугарија.

Трката традиционално се одржува во 100 земји во светот со единствена цел за промоција на интернационалното пријателство и разбирање со учество на интернационални тимови на трлкачи. Република Македонија е дел од европската маршута и во земјава ке бидат претрчани 500 км, а посетени 15 општини меѓу кои и општина Делчево.

Самата трка се состои од штафетно носење на запален факел и не е од натпреварувачки карактер, и е составена од интернационален тим на маратонци кои трчаат низ цела Европа и уште еден македонски тим кој ке трча на делницата на нашата држава.

Трката за светска хармонија е основана од Шри Чинмој –атлет, филозоф, артист и поет, во 1987 год. Од тогаш па до денес оваа трка посетила повеќе од 140 земји во светот. повеќе информации за овој меѓународен настан може да се добијат на нивната официјална веб страна тука.

Соопштение за доделена парична помош за новороденчиња

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Продолжува доделувањето на парична помош за секое новороденче од општина Делчево

Врз основа на одлука на Советот на општина Делчево а по директна иницијатива на Градоначалникот г-дин Горан Малешевски, во период од 01.01.2010 година до 30.06.2010 година Градоначалникот на Општина Делчево има доделено еднократен надомест за новороденче во износ од 3000 мкд, вкупно на 50 семејства од општината. Оваа практика продолжува и понатаму да се спроведува во иднина.

Сооштение од Црвен крст-Делчево

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Одбележување на 26 Јуни-Денот на солидарноста
Клубот на млади при општинската организација на Црвен крст од Делчево по повод одбележувањето на Денот на солидарноста 26-ти Јуни организира  акција именувана како Светлина во која волонтерите од клубот ке донираат стара облека на социјално-загрозени семејства во Делчево. Оваа акција ке биде надополнета со презентација на видео клипови на тема солидарност во просториите на општинската организација на Црвениот крст. Со оваа акција и официјално се одбележува почетокот на формирањето на Клубот на млади при О.О. на Црвен крст Делчево.

Соопштенија за месна заедница-Ѕвегорска река

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Врз основа на член 82 од Законот за локална самоуправа (“ Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 89 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 12/2006), а согласно член 25 став 2 од Правилникот за работа на месните и урбаните заедници во општина Делчево, бр.07-621/1 од 25. 09. 2009 година, Општина Делчево го издава следново

СООПШТЕНИЕ

Се известуваат граѓаните на урбаната заедница на населба  Ѕвегорска река дека на ден 25 јуни 2010 година, со почеток во 20.00 часот ќе има Собир на граѓани од населба Ѕвегорска река.

Собирот ќе се одржи во Ѕвегорска река со следниот дневен ред:

1.  Избор на претседател и структура на МЗ

2.  Разно

Се повикуваат граѓаните да земат присуство и да го дадат својот придонес околу формирањето на месната заедница

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Соопштение за волонтери

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Active citizens triagolnik logo

Британскиот совет (British council) заедно со Центарот за неформално образование Триаголник како партнери, во рамките на проектот Активни граѓани (Active Citizens) организира обука за млади луѓе од 5 општини во Р.Македонија. "Активни граѓани“ е програма на Британскиот совет од областа на интеркултурниот дијалог и глобалното граѓанство. Проектот се реализира во 30 земји во Европа.

Програмата ќе придонесе учесниците во проектот подобро да се запознаат со нивната локална заедница, ќе ги мотивира да делуваат во заедницата и да добијат појасна претстава за тоа каде е нејзиното место во светот, како и на кој начин нивното локално делување се отсликува на глобално ниво.

Откако ќе се збогатат со ова искуство тие значително ќе придонесат кон социјалните промени во нивната заедница и глобалниот одржлив развој.

Имено во првата фаза од проктот ќе бидат обучени 60 претставници, од секторот образование, локална самоуправа и невладини организации кои понатаму активно ќе работат со млади луѓе на проекти за активно граѓанство.

Програмата  која се однесува на обуката за работа со млади на околу 70 учесници во проектот од следниве општини : Куманово, Теарце, Кавадарци, Делчево и Скопје  ќе се одвива од почетокот на јуни до февруари.

Апликацијата со која може да се пријават заинтересираните лица за учество можете да ја превземете тука, (во апликацијата е даден контактот каде може да се аплицира) додека повеке информации можете да прочитате на сл. документ тука.

Последни актуелни информации

Објавено на 04 Март 2020, 15.15 од Д.Чапевски
-36------ Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од...
Објавено на 04 Март 2020, 09.45 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-47-01 Девет нови контејнери, денеска се поставија во најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, со што за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Локациите каде се поставени...
Објавено на 04 Март 2020, 09.15 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-42-29 Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за...
Објавено на 02 Март 2020, 11.50 од Д.Чапевски
2020-03-02-10-54-56  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, го потпиша Меморандумот за разбирање со општините за...
Објавено на 27 Февруари 2020, 14.02 од Д.Чапевски
2020-02-27-13-04-45 Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија,...
Објавено на 27 Февруари 2020, 12.24 од Д.Чапевски
2020-02-27-11-39-38 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува...
Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес422
mod_vvisit_counterВчера623
mod_vvisit_counterОваа недела1045
mod_vvisit_counterПретходна недела2551
mod_vvisit_counterОвој месец1045
mod_vvisit_counterПретходен месец14464
mod_vvisit_counterВкупно3526435

Присутни online: 5
Ваша IP: 3.236.175.108
,
Денес: Мар 02, 2021