Postapki i_proceduri Gradezni dozvoli 

Соопштенија

Соопштение за првата теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци со УЛВ метода за 2014 година

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево ги известува своите граѓани дека на ден 12.06.2014 година (Четврток) во период од 04:00 часот – 07.00 часот наутро согласно Програмата за превентивни мерки за заштита на здравјето на населението 2014 година ќе се изврши првата теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци со УЛВ метода од страна на ЈЗУ“Центар за јавно здравје“ Скопје.

Им се препорачува на граѓаните кои поседуваат пчелни семејства да си превземат соодветни мерки за заштита. 

                                                                                                ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
                                                                                                  Градоначалник
                                                                                                   Дарко Шехтански 

СООПШТЕНИЕ за ЈАВНА РАСПРАВА

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево им соопштува на  граѓаните  на општина Делчево дека на ден 23.05.2014 година (петок) со почеток во 13 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА за неопходноста за довршување на проектот „Подобар живот за децата од пограничниот регион“

СООПШТЕНИЕ за ЈАВНА РАСПРАВА

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

 

СООПШТЕНИЕ

Општина Делчево им соопштува на  граѓаните  на општина Делчево дека на ден 19.05.2014 година (понеделник) со почеток во 13 часот, во салата на Спомен дом АСНОМ ќе се одржи ЈАВНА РАСПРАВА по основен проект: „Реконструкција на постоечки кров и доградба на детска градинка „ Весели Цветови„ Делчево . На јавната расправа претставници на општина Делчево ќе вршат  опишување на  проектот и  објаснување на условите за негово финансирање.

 

ОПШТИНА   ДЕЛЧЕВО
Градоначалник
Дарко  Шехтански

Апел за спроведување на донаторска акција

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Поради големиот износ на финансиски сретства кои се потребни за транспорт на телото на неодамна трагично починатиот 23-годишен сограѓанин од Делчево, Дарко Миленковски, општина  Делчево и Градоначалникот Горан Малешевски објавува јавен апел за донирање на финансиски сретства од граѓаните на општина Делчево, во рамки на нивните сопствени можности.

Финансиските сретства ке можат да се уплаќаат на жиро с-тка на името на Мирко Миленковски, бројот е 2 0000 125 397 1081, депонент Стопанска банка. или пак на двата отворени пунктови во централното градско подрачје во Делчево  кои што општина Делчево ги има поставено.

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Малешевски

Соопштение

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

alt

Информација за одржување на Јавна расправа по Студија  за оцена на влијаниe врз животната средина за проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ 

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Агенција за државни патишта, со седиште на ул. “Даме Груев” бр.14 - Скопје, ja достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина на проектот “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес” и истата е достапна за увид .

Јавните расправи по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на автопат М-5 на делница, граничен премин на Република Бугарија (Црна Скала) - Делчево - Виница - Кочани - Штип - Велес “ ќе се одржат на:

-           21 февруари 2012 година  (втроник), во  Прес салата на општина Велес  со почеток во 10.00 часот.

-           21 февруари 2012 година (втроник) , во Големата сала на Општина Свети Николе со почеток во 15.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во мала сала до Совет на Општина Штип со почеток во 11.00 часот.

-           22 февруари 2012 година (среда) , во сала на Совет на Општина Кочани со почеток во 15.00 часот.

-           24 февруари 2012 година (петок) , во спомен домот АСНОМ во сала за состаноци во Општина Делчево со почеток во 12.30 часот.


Контакт лица:

Сашка Богданова

Агенција за државни патишта

ул. “Даме Груев“ бр.14 Скопје

тел: 02 3 188 044 фак: 02 3 220 535

е-маил:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Ленче Јанева - експерт за оцена на влијание врз животната средина

тел: 076446883  email:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Зоран Бошев

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1122

тел: 076-445-894

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Билјана Спироска

Министерство за животна средина и просторнио планирање – Скопје, Зграда на Македонска Радио Телевизија, 11 кат канцеларија бр. 1127

тел: 02 3 251 466

е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


 Сашо Секуловски

 

Министерство за животна средина и просторно планирање - Скопје              

Канцеларија за комуникација со јавноста

ул. "III Македонска бригада" бр.10а

е-маил:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Соопштение за Урбана заедница на Трети реон во Делчево

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Се информираат членовите и претседателството на У.З. на III-ти реон во Делчево дека на ден 06.02.2012 година (понеделник), со почеток во 18.00 часот ке одржат редовна седница во Задружниот дом во оваа населба.

Делчево, 03.01.2012 год.

Претседател на УЗ на III-ти реон

Кире Цоневски

Повторен оглас за невработени лица

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за активните програми  и мерки за вработување за 2012 година и Програмата за работа на Република Македонија 2011-2015 година, повторно објави оглас за доделување на финансиска подршка во рамки на Програмата за самовработување на невработени лица.

Јавен оглас за невработени лица

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија е објавен Јавен оглас за невработени лица на територијата на цела држава.

Јавниот оглас е достапен на веб страната на Агенцијата на сл. линк тука.

Вапцарови бранувања во чест на големиот македонски поет

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Во петок 09.12.2011 година со почеток во 18.00 часот во малата сала во спомен домот АСНОМ ке се одржат традиционалните "Вапцарови бранувања".

Ке се одржи редовната годишна средба "Можности и потреби на граѓанскиот сектор во општина Делчево" за 2012

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

nvo sorabotka

Во рамки на програмските определби на градоначалникот на општина Делчево, во вторник 06.12.2011 година ке се одржи редовната работна средба на претставници од ЕЛС на општина Делчево со претставници од сите граѓански организации, кои активно работат во општината. 

Меѓународен кошаркарски турнир "Трофеј на Делчево 2011"

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Thumbnail image

Работилница за трансгранична соработка на етно начин

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Thumbnail image

Во сабота 10.09.2011 година во дворот на манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево ќе се одржи работилница на тема "Трансгранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија", и тоа на уникатен и единствен начин: во етно амбиент и реквизити, со цел за поафтентична промоција на туристичкиот потенцијал и етнографските и етнолошки карактеристики на пограничниот регион меѓу Пијанец од македонска и регионот на Благоевград од бугарска страна.

Продолжува проектот за реализација на Бесплатни ортопедски прегледи во Делчево

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Thumbnail image
Во сабота, 27.08.2011 година во просториите на Брзата помош во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево, продолжува реализацијата на проектот за Бесплатни ортопедски прегледи за граѓаните во Делчево. Проектот го спроведува ЗГ „Акција за млади Делчево“ од Делчево со финансиска поддршка на Градоначалникот на Општина Делчевом г-динот Горан Малешевски со финансиски сретства од Буџетот на општина Делчево, како и Директорот на ЈПКД „Брегалница“ од Делчево со средства од ова јавно претпријатие. Прегледите ќе се вршат во термин од 10.00 часот до 15.00 часот од страна на Др. Зоран Шишков со претходно закажување на телефон  075/321-397 кај лицето Богданка Анастасова која е и координатор на овој проект.

О Г Л А С За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

О Г Л А С

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

Врз основа на точка 3 и 5 од Правилникот  за условите и начинот за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево бр.07-461/10 од 14.07.2009 година и Одлуката за отуѓување на основни средства-задружни домови и друг недвижен имот во селата а сопственост на Општина Делчево број 07-2006/1  од 29.10.2010 Комисијата за продажба и давање на користење ствари  во сопственост на Општина Делчево распишува

О Г Л А С

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање

-Податоци за стварите кои се предмет на огласот:

1.Основно средство-Задружен дом во село Стар Истевник сопственост на Општина Делчево со К.П. број 1508 со вкупна површина од 769 м2 и заведен во имотен лист 660.

Почетната вредност за објектот под реден број 5. изнесува 2.088.388,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 400.000,00 денари

2.Основно средство-Пензионерски дом во село Тработивиште сопственост на Општина Делчево со К.П. број 709 со вкупна површина од 138 м2 и двор 191 м2 заведен во имотен лист 451.

Почетната вредност за објектот под реден број 6. изнесува 579.768,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 120.000,00 денари

3.Основно средство-Задружен дом во село Тработивиште сопственост на Општина Делчево со К.П. број 794/1 со вкупна површина од 738 м2 заведен во имотен лист 6.

Почетната вредност за објектот под реден број 7. изнесува 3.073.708,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 600.000,00 денари

4.Основно средство-Задружен Дом во село Габрово сопственост на Општина Делчево со К.П. број 10344 со површина од 1241 м2 и двор 1676 м2 заведен во имотен лист 705 во К.О. Габрово.

Почетната вредност за објектот под реден број 8. изнесува 2.216.867,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 450.000,00 денари

5.Основно средство-Задружен Дом во село Град сопственост на Општина Делчево со К.П. број 6265 со површина од 677 м2 и двор 384 м2 на К.П. број 6265 и 793 м2 на К.П. број  6261  заведен во имотен лист 1221 во К.О. Град.

Почетната вредност за објектот под реден број 9. изнесува 2.491.819,00  денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 500.000,00 денари

6. Основно средство-Задружен дом во село Вирче сопственост на Општина Делчево со К.П. број 991 на површина од 706 м2 заведен во имотен лист 991 во К.О. Вирче.

Почетната вредност за објектот под реден број 10 изнесува 2,220,273,00 денари. Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 450.000,00 денари

(Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавањ не може да биде помала од 20% од почетната цена на вредност  на објектот)

-Стварта односно деловната просторија која што е прдемет на продажба се дава во видена состојба т.е. може да се види од заинтересираната страна во определено договорено време

-Сметка на која се уплаќа депозитот е:

Жиро сметка на Општина Делчево 720014032063012 , приходна шифра 725939

-Рок за уплата на депозитот:

Рок за уплата на депозитот е до денот и часот предевиден за јавно наддавање

-Огласот го распишува:

Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево формирана од Градоначалникот на Општина Делчево

-Рок на траење на Огласот изнесува 5 дена сметано од денот на објавувањето

-Начин на пријавување:

Во затворен коверт на кој се назначува до Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево,во кој се ставаат сите потребно документи објавени во овој оглас

-Критериум за избор е:

Највисоко постигната цена на јавно наддавање

-Начин на плаќање на износот за продажба на просториите:

Во готово во денари

-Потребна документација за пријавување:

-Лична карта или патна исправа за физичко лице односно Извод од централен регистер за правно лице(ДРД образец)

-Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци,придонеси и други јавни давачки не постара од 6(шест) месеци

-Документ за бонитет од Централниот регистер или нотарски заверена копија не постара од 6(шест)месеци

Депозитот на кандидатите кои не се изберени како најповолни се враќа во рок од 8 дена сметано од денот на донесување на Одлука за продажба на објект-просториите

Посебни услови:

- Јавното наддавање се смета за уредно ако учествуваат минимум двајца учесници во јавното наддавање

- Ако на објавениот оглас не се јават заинтересирани лица се распишува и објавува повторен оглас

- Ако и по повторниот оглас не се јават заинтересирани лица,се склучува непосредна спогодба со единствено заинтересирано лице

- Уплатениот депозит се засметува во постигнатата цена за продажба на објектите

Понудата нема да се прифати на понудувач кој должи на Општина Делчево по било кој основ

Јавното наддавање ке се одржи на ден 22.07.2011 година со почеток во  09.00 во просториите на Општина Делчево(Општински центар за услуги).

ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ГОРАН МАЛЕШЕВСКИ

ОГЛАС За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање по втор пат

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

ОГЛАС

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање по втор пат


 

Врз основа на точка 3 и 5 од Правилникот  за условите и начинот за продажба и давање на користење ствари во сопственост на Општина Делчево бр.07-461/10 од 14.07.2009 година и измените број 07-546/1 од 23.02.2011 година,Комисијата за продажба и давање на користење ствари  во сопственост на Општина Делчево,распишува

ОГЛАС

За продажба на ствари сопственост на Општина Делчево со јавно наддавање по втор пат

-Податоци за стварите кои се предмет на огласот:

Службено патничко моторно возило со рег. бр. ШТ-771-МЛ марка ФОРД, тип МОНДЕО, со број на шасија WFO4XXGBB47K34589, број на мотор FMBA/7K34589, година на произвидство 2007 година со поминати 235.000 километри

-Почетна вредност:

Почетната вредност за возилото што се огласува е 614.000,00 денари;

Стварта односно патничкото моторно возило кое што е предмет за огласување се дава во видена состојба т.е. може да се види од заинтересираната страна во определено договорено време;

-Висина на паричен депозит што треба да се уплати за учество во јавното наддавање:

Висината на паричниот депозит што треба да се уплати за јавното наддавање изнесува 120.000,00 денари;

(не може да биде помала од 20% од почетната продажна цена)

-Сметка на која се уплаќа депозитот е:

Сметка на буџетски корисник: 720014032063012 , приходна шифра: 725939 ;

-Рок за уплата на депозитот:

Рок за уплата на депозитот е до денот и часот предевиден за јавно наддавање ;

-Огласот го распишува:

Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево формирана од Градоначалникот на Општина Делчево ;

-Рок на траење на Огласот

Огласот трае 5(пет) дена сметано од денот на објавувањето ;

-Начин на пријавување:

Во затворен коверт на кој се назначува до Комисија за продажба и давање на користење на ствари во сопственост на Општина Делчево,во кој се ставаат сите потребни документи објавени во овој оглас ;

-Критериум за избор е:

Највисоко постигната цена на јавно наддавање ;

-Начин на плаќање на износот за продажба на стварта односно патничкото моторно возило:

До денот на склучување на купопродажниот договор ;

Потребна документација за пријавување:

Лична карта или патна исправа за физичко лице односно Извод од централен регистер за правно лице(ДРД образец) ;

Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци,придонеси и други јавни давачки не постара од 6(шест) месеци ;

Документ за бонитет од Централниот регистер или нотарски заверена копија не постара од 6(шест)месеци( за правни лица);

Уверение за платени локални даноци ,такси и надоместоци издадено од Општина Делчево ;

Депозитот на кандидатите кои не се изберени како најповолни се враќа во рок од 8 дена сметано од денот на донесување на Одлука за давање на користење на деловните простории ;

Посебни услови:

Јавното наддавање се смета за уредно ако учествуваат минимум двајца учесници во јавното наддавање ;

Ако на објавениот оглас не се јават доволен број заинтересирани лица се распишува и објавува повторен оглас ;

Ако и по повторниот оглас не се јават доволен број заинтересирани лица,се склучува непосредна спогодба со единствено заинтересирано лице ;

Уплатениот депозит се засметува во постигнатата цена за продажба на објектите ;

Јавното наддавање ќе се одржи на ден 22.07.2011 година со почеток во  09.00 во просториите на Општина Делчево (Во Општинскиот центар за услуги) Спомен дом АСНОМ .

Општина Делчево

Градоначалник

Горан Малешевски

 

Оглас за доделување линии за вршење на превоз

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Thumbnail image

Врз основа на членовите 18, 19 и 20 од Законот за превоз во патниот сообраќај на Р.М. (бр.68/04,127/06, 114/09, 83/10 и 17/11), и член 4, 5, 6, 7 и 8 од Одлуката за уредување на превозот во патниот сообраќај на подрачјето на општина Делчево бр.07-1479 од 14.11.2005 година, Градоначалникот на Општина Делчево објавува

ОГЛАС

за доделување линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Делчево за следните релации:

- ЛИНИЈА БР. 1:       ДЕЛЧЕВО - с.ГАБРОВО

- ЛИНИЈА БР. 2:       ДЕЛЧЕВО - с.ЅВЕГОР

- ЛИНИЈА БР. 3:       ДЕЛЧЕВО - с.СТАМЕР

- ЛИНИЈА БР. 4:       ДЕЛЧЕВО - с.ГРАД

- ЛИНИЈА БР. 5:       ДЕЛЧЕВО - с.ВИРЧЕ

- ЛИНИЈА БР. 6:       ДЕЛЧЕВО - с. ТРАБОТИВИШТЕ

- ЛИНИЈА БР. 7:       ДЕЛЧЕВО - с. ИСТЕВНИК

- ЛИНИЈА БР. 8:       ДЕЛЧЕВО - с.РАЗЛОВЦИ

- ЛИНИЈА БР. 9:       ДЕЛЧЕВО - ГОЛАК (сабота и недела)

- ЛИНИЈА БР. 10:     ДЕЛЧЕВО - с.БИГЛА - с.ТУРИЈА - с.ИЛИОВО

- ЛИНИЈА БР. 11:     ДЕЛЧЕВО - с.ОЧИПАЛА - с.ДРАМЧЕ

- ЛИНИЈА БР. 12:     ДЕЛЧЕВО - с.ВЕТРЕН - с.КИСЕЛИЦА

- ЛИНИЈА БР. 13:     ДЕЛЧЕВО - ГРАНИЧЕН ПРЕМИН – ДЕЛЧЕВО

Превозот на горенаведените линии ќе се врши со патнички моторни возила минимум (16+1) седиште, минибуси и автобуси.

Линиски превоз на патници со патнички возила (8+1) седиште ќе се врши на линии на кои не е рентабилен превозот со автобус.

Линиите се одржуваат најмалку со две тргнувања.

Потребна документација:

  • копија од лиценца за вршење на општиски линиски превоз на патници за подрачјето на општина Делчево;
  • список на возила регистрирани на име на фирмата (фотокопија од сообраќајните дозволи за секое возило одделно, односно фотокопија од Договорот за лизинг и од сообраќајната дозвола заверени на нотар за возилата што ги користи по договор за лизинг од овластен дистрибутер);
  • копија од извод од лиценца за возилата за вршење на линиски општински превоз на патници;
  • број на возачи во редовен работен однос; и
  • предлог на возен ред изготвен за линијата за која аплицираат (доколку превозникот аплицира за повеќе линии треба да достави предлог возен ред за тие линии);

Постапката за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници ја спроведува Комисија формирана од градоначалникот на општина Делчево.

Заинтересираните превозници потребната документација да ја достават до општина Делчево-Одделение за урбанизам, уредување и одржување на градежно земјиште и заштита на животна средина, со потврден прием во архивата на општината со назнака „Пријава за оглас за доделување на линии за вршење на општински линиски превоз на патници“.

Доколку нема заинтересирани превозници, Органот на Општината може вршењето на превоз да го довери на превозник кој ќе го определи со посебен договор ако ги исполнува условите предвидени со Законот и Одлуката.

Рок на поднесување на барања за добивање на нови линии за вршење на линиски општински превоз на патници е 20 дена од денот на објавување на огласната табла во просториите на општина Делчево.

Соопштение за бесплатните ортопедски прегледи за 28.05.2011

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Врз основа на известувањето објавено на официјалниот веб сајт на општина Делчево www.delcevo.gov.mk достапно тука се известуваат сите граѓани дека Бесплатниот ортопедски преглед за оваа недела ке се врши во недела 29.05.2011 година во термин од 10.00 часот до 14.00 часот, поради неодложни други работни обврски на ортопедот  Д-р Зоран Шишков. Останатите информации објавени на линкот погоре важат и понатаму.
Thumbnail image

Соопштение од општина Крива Паланка

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ од Крива Паланка по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели „Калин Камен“ под мотото „Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.Ве известуваме дека на ден 24.05.2010 г. по повод денот на словенските просветители Кирил и Методиј, општина Крива Паланка и Здружението на граѓани „АВТО МОТО КЛУБ ОФ РОУД ОСОГОВО“ од Крива Паланка по вторпат ќе го организира ревијалното Џип рели „Калин Камен“ под мотото „Да се запознаат убавините на осогоговските планини“ за кое имаме намери да биде традиционално и со меѓународен карактер.Започнува од Крива Паланка, Мождивњак, Кучешки Преслап, Костадиница,  Царев Врв (2085м.) на Осоговските планини па се до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде градоначалникот г-дин. Арсенчо Алексовски организира свечен ручек за учесниците.Ревијалното џип рели засега има меѓуопштински карактер  со учесници од општините кои гравитираат кон Осоговските планини.
Поканата е отворена до сите заинтересирани, а пријавувањето е во тек.
071 206 209
075 207 107

Соопштение за одбележување на 135 годишнината од Разловечкото востание

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани,

Општина Делчево во соработка со локалните училишта, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, КУД „Гоце Делчев“, ФГ „Копачка“, с.Драмче, Македонската православна црква и Здружението резервни воени офицери по повод 135 години од Разловечкото востание, под мотото „100 настани за 100 години град, 100 години Белогаски и 110 години Личеноски“, организира манифестација која ќе се одржи во с.Разловци на 15 мај 2011 година со почеток во 10 часот.

На настанот ќе биде присутна и истиот ќе го отвори Министерката за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска и други високи претставници од Владата.

Сите граѓани на општина Делчево и Република Македонија се поканети да присуствуваат на настанот за достојно да го одбележиме овој ден како еден од најзначајните датуми во македонската историја. За сите заинтересирани граѓани кои ке сакаат да го проследат настанот општина Делчево има организиран превоз. Тргнувањето ке биде од пред Спомен домот АСНОМ во Делчево во Недела 15.05.2011 година во 09.00 часот. 

Во рамките на одбележувањето на 135 години од Разловечкото востание ке се одржи Планинарски марш со учество на членовите на Здружението на Резервните воени старешини на општина Делчево, планинарски друштва и сите заинтересирани граѓани. Маршот ке ке се одржи на релација с.Тработивиште -с.Разловци. За сите учесниците на маршот општина Делчево исто така  има обезбедено превоз од Делчево до с.Разловци. Тргнувањето на учесниците во маршот ке биде во Недела 15.05.2011 год. наутро во 07.30 часот од пред Спомен домот АСНОМ во Делчево. 

 

Thumbnail image

Детална програма на настанот

Место: село Разловци, Делчево

Датум: 15.05.2011

Време: 10 часот

 

10.00            Посета на историска изложба во Спомен-дом на Разловечко    
востание

10.30            Откривање на спомен-плоча на поп Стојан во дворот на црква „Свети Цар Константин и Царица Елена“

10.40           Полагање свежо цвеќе на спомен-плочата

10.50            Осветување на надгробни плочи на свештеници во дворот на
црквата

11.00            Свечена литургија за Разловечкото востание

Прослава во дворот на  училиштето

11.30            Поздравен говор, министерка за култура г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска

11.35            Доделување благодарници на членови на Здружение на резервни и воени старешини од Делчево

11.40            Читање реферат на тема „Значењето на Разловечкото востание“

11.50            Културно-уметничка програма

- ЗГ „Копачка“ с.Драмче

- НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Делчево

- КУД „Гоце Делчев“, Делчево

12.45            Ручек во дворот на црквата

Thumbnail image

Известување за Урбана заедницана 2-ри реон

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Се известуваат граѓаните од 2-ри реон дека на ден 09.05.2011 год во Спомен домот АСНОМ, со почеток од 18 часот, ке се одржи избирачко собрание на Урбана заедница на 2-ри реон.

Соопштение за 1-ви мај

Печати PDF

Категорија-Минати соопштенија

Почитувани граѓани,

Општина Делчево во соработка со локалните училишта, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, Здружението на пензионери, по повод Меѓународниот ден на трудот 1-ви мај, под мотото „100 настани за 100 години град, 100 години Белогаски и 110 години Личеноски“ организира ПРВОМАЈСКИ ХЕПЕНИНГ НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК со културно -уметничка програма и спортски игри, во кои учество ќе земат учениците и пензионерите од општината.

Општина Делчево ги известува и ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овој настан.

Општината ќе обезбеди бесплатен превоз за ПЕНЗИОНЕРИТЕ од општината кои сакаат да присуствуваат на овој настан.

Време на тргнување: 09 часот, 01 мај 2011 (недела)

Место: ПАРКИНГ ПРЕД СПОМЕН ДОМ АСНОМ

Последни актуелни информации

Објавено на 04 Март 2020, 15.15 од Д.Чапевски
-36------ Советниците на денешната редовна 36 Седница на Советот го усвоија Заклучокот за извршувањето на Буџетот за последниот квартал за 2019  кој изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните приходи од...
Објавено на 04 Март 2020, 09.45 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-47-01 Девет нови контејнери, денеска се поставија во најоддалеченото село во Општина Делчево, Разловци, со што за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Локациите каде се поставени...
Објавено на 04 Март 2020, 09.15 од Д.Чапевски
2020-03-04-08-42-29 Општина Делчево е дел од заедничката Програма на Советот на Европа и ЕУ, РОМАКТЕД, што значи Програма за промовирање добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“. Програмата е наменета за...
Објавено на 02 Март 2020, 11.50 од Д.Чапевски
2020-03-02-10-54-56  Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, денеска во Владата на РСМ заедно со градоначалниците од 80 општини и градот Скопје, го потпиша Меморандумот за разбирање со општините за...
Објавено на 27 Февруари 2020, 14.02 од Д.Чапевски
2020-02-27-13-04-45 Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата на Република Северна Македонија, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија,...
Објавено на 27 Февруари 2020, 12.24 од Д.Чапевски
2020-02-27-11-39-38 Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Службен весник на РМ бр.199/2014,42/2015,44/2015,193/2015,31/16,163/16 и 64/18), Градоначалникот на Општина Делчево го донесува...
Објавено на 26 Февруари 2020, 14.43 од Д.Чапевски
----36------- Врз основа на член 39 став 2 ичлен 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), како и член 25 став 2 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“...
Објавено на 25 Февруари 2020, 13.15 од Д.Чапевски
2020-02-25-12-16-56 Наставници од трите образовни институции од градот денеска присуствуваа на обуката за родова сензибилизација на наставниот кадар организирана од Општина Делчево и Комисијата за еднакви можности меѓу...
Објавено на 24 Февруари 2020, 11.42 од Д.Чапевски
2020-02-24-10-45-09 Кои се надлежностите на една опшптина, дали има екопатроли, каде ќе се наоѓа филтер- станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот, беа само дел од прашањата што ги...
Објавено на 24 Февруари 2020, 08.35 од Д.Чапевски
2020-02-24-07-36-21 Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево,...
Објавено на 23 Февруари 2020, 12.15 од Д.Чапевски
-76-    Планинари од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со претставници од институции и здруженија на граѓани од Делчево и соседните општини учествуваа на планинарскиот марш на планината Голак...
Објавено на 21 Февруари 2020, 13.27 од Д.Чапевски
2020-02-21-12-29-33 Учениците и наставниците од ООУ „Ванчо Прке“ во соработка со Јавната локална библиотека „Илинден“ денеска го одбележаа Светскиот ден на мајчиниот јазик. По тој повод беше одржана  пригодна културна...
Објавено на 21 Февруари 2020, 09.32 од Д.Чапевски
2020-02-21-08-35-28  Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во селата Тработивиште и Разловци. Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните...
Објавено на 20 Февруари 2020, 09.27 од Д.Чапевски
2020-02-20-08-29-26 Прв пат по повеќе од една деценија, набавени се нови садови за отпад во Општина Делчево. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, Општина Делчево набави 23 контејнери вредни 371.000...
Објавено на 18 Февруари 2020, 13.39 од Д.Чапевски
2020-02-18-12-41-17 Единицата за управување со проектот „Водоснабдување на Делчево“ на својот шести состанок ги даде проекциите за реализација на инфраструктурниот дел од проектот. На состанокот главна тема беше...
Објавено на 18 Февруари 2020, 08.06 од Д.Чапевски
------76---- По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23.02.2020. За таа цел, Општина Делчево  ги повикува граѓаните, здруженијата,...
Објавено на 14 Февруари 2020, 12.00 од Д.Чапевски
2020-02-14-11-02-59  Интензивно се работи на изградбата на пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница. Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали...
Објавено на 13 Февруари 2020, 14.00 од Д.Чапевски
2020-02-13-13-05-55 Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за...
Објавено на 12 Февруари 2020, 14.05 од Д.Чапевски
2020-02-12-13-06-50 Во рамките на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година,...
Објавено на 11 Февруари 2020, 11.52 од Д.Чапевски
2020-02-11-10-54-46 Во работна посета на Општина Делчево денеска престојува заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија во земјава, Ото Граф, при што беше остварена средба со градоначалникот Горан Трајковски....

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес478
mod_vvisit_counterВчера581
mod_vvisit_counterОваа недела478
mod_vvisit_counterПретходна недела3399
mod_vvisit_counterОвој месец3344
mod_vvisit_counterПретходен месец14464
mod_vvisit_counterВкупно3528734

Присутни online: 7
Ваша IP: 3.237.97.64
,
Денес: Мар 07, 2021